Сечење раце, каменување, камшикување – листа на казни на терористите од ИД


Џихадистичката организација Исламска Држава, објавила листа од тешки казни за кршење на исламскиот закон – Шеријатот…Од 80 удари со камшик за консумирање на алкохол, преку сечење на рака за кражба, до смрт за богохулие и неверство, но и хомосексуалност и шпионажа во име на неверниците.

Кодексот на однесување кој Шеријатот го подразбира ќе биде ставен на сила во областите кои се под контрола на Исламската држава, а која сега опфаќа големи делови од Ирак и Сирија, пренесува британски Daily Mail.11Brutal Scenes from Syria - ISIS ISIL DAESH
Оној кој ќе биде неверен ќе биде каменуван до смрт доколку е во брак, или ќе добие 100 удари со камшик и протеран доколку не е во брак.

Смртната казна е предвидена за оние кои се оддаваат на содомија, односно на хомосексуалност, како и на оние кои “шпионираат во корист на неверниците”.

На разбојниците им следи сечење на десната рака и левата нога, додека оние кои тероризираат луѓе ги чека – прогонство.

Чарли Винтер, истражувач при невладината организација “Кулијам”, која се занимава со анти-екстремизам, вели дека овој документ е автентичен.isil teroristi djihad
Според неговите зборови, листата со казни на 16. декември ја објавила гранката на Исламската држава во Алепо.

Исламската држава минатата седмица објавила фотографии од двајца распнати мажи, кои биле обвинети за разбојништво, како и една жена која била каменувана до смрт, наводно поради неверство, потсетува Daily Mail.

Оваа терористичка група објавила и видео снимка од двајца мажи кои биле фрлени од врвот на една висока зграда во Рака во Сирија, поради тоа што биле хомосексуалци.

Наводно милитантите на ИСИС оваа седмица убиле тројца од најмалку 15 одгледувачи на гулаби во Ирак, откако било заклучено дека одгледувањето на птици е спротивно на исламската вера.djihadisti
Екстремистите, исто така, минатата седмица убиле 13 тинејџери поради тоа што го гледале фудбалскиот натпревар од Азискиот шампионат, помеѓу Иран и Јордан.

Младите фудбалски навивачи биле “фатени на дело” додека го гледале натпреварот на телевизија во ирачкиот град Мосул, кој е под контрола на ИСИС, наведува Daily Mail.

Тинејџерите биле стрелани, соопштила групата со име “Тивок маскар над Рака”, која се бори против Исламската држава.

Во центарот на Мосул неодамна биле убиени и четири лекари, наводно поради тоа што одбиле да ги лечат припадниците на Исламската држава.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1