Миле Хаџиски е осуден на 20 години затвор за бруталното убиство на Мери Јошевска.
Оваа пресуда е идентична на таа од деведесеттите кога бил правосилно осуден, но тогаш во отсуство.
„Правдата е бавна но не е недостижна“ – со овие зборови судијката го објасни конкретниот случај.
Според судијката доколку Хаџиски во Швајцарија не бил обвинет за грабеж и од швајцарски затвор не избегал во Франција со надеж дека Франција ќе го заштити, бидејќи е и француски државјанин, не би дошло до оваа пресуда, што според судијката е доказ дека тој не планирал да се соочи со правдата.