Хаг му даде рок: Шешељ има 3 дена да каже дали се враќа во “апс”


Жалбениот совет на Хашкиот трибунал го повика претседателот на Српската радикална партија и хашки притвореник, Воислав Шешељ, во рок од три дена да се изјасни по барањето на Обвинителството под итно да се примени одлуката на овој совет за негово враќање во Хаг.

Во повикот, што вчера беше донесен, се наведува дека Шешељ „ако сака“ може да одговори на барањето на Обвинителството.Seselj

Рокот од три дена почнува да тече од моментот кога лидерот на радикалите го прими овој повик на Жалбениот совет на Хашкиот трибунал, се наведува во документот на Советот.

Жалбениот совет на 30 март на Претресниот совет му нареди под итно да ја отповика одлуката од 6 ноември 2014 година за привремено пуштање на слобода на лидерот на СРС и му нареди да го врати во притворската единица на Трибуналот во Шевенинген.

Претресниот совет се уште не постапи по налогот на Жалбениот совет туку на 10 април од лекарскиот тим што го лекува Шешељ во Србија, ја побара документацијата за неговата моментална здравствена состојба.

Шешeљ, меѓутоа, одби на судот да му ја достави бараната документација.

Тој во притворот на Хашкиот трибунал беше од 24 февруари 2003 година, кога доброволно се предаде.

Во судскиот процес, што почна во есента 2007 година, пресудата требаше да биде изречена на 30 октомври 2013 година, но таа беше одложена откако Трибуналот го усвои неговото барање за изземање на судијата Фредерик Хархоф заради пристрасност.

Оттогаш трае запознавањето на новиот судија Мадаја Нијанга со предметот, а претседателот на Трибуналот, Теодор Мерон, најави дека тоа ќе потрае до средината на 2015 година, по што ќе почне советувањето на судиите за пресудата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1