Хакери имаат снимки од Македонки снимени во салони за депилација


Хакери ги пробиваат сигурносните кодови на камерите за надзор и ги шпионираат луѓето кои имаат систем за обезбедување поврзан со сервер на интернет. Хакирани десетици илјади камери ширум светот.51659414lb

Српските весници пишуваат дека извесен веб сајт располага со линкови до повеќе од 90.000 сигурносни камери ширум светот, меѓу кои и многу од Македонија. Преку нив, можете да следите во реално време што се случува во многу продавници низ Македонија, а за воајерите најинтересни се камерите поставени во козметичките салони, кои ги користат за да ги гледаат жените додека се депилираат.

Експертите велат дека хакерите го користат незнаењето на сопствениците на камерите, кои ги поврзуваат на интернет без да ги сменат фабричките подесувања. Така на пример, одреден тип на камери има фабрички шифри „admin” или „12345“ па хакерите лесно ги пробиваат и потоа ја нарушуваат приватноста.

Српскиот весник Блиц со снимките веќе почнал да ги алармира сопствениците на камери, кои на почетокот не верувале дека е можно некој да им ја шпионира сигурносната камера. „Вие мора да се шегувате. Дали е ова некоја скриена камера“ – прашал еден вработен во елитен козметички салон во Белград кој останал шокиран кога ги видел снимките од безбедносната камера на неговото работно место.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1