Хакери објавија дека ги имаат наредните епизоди од „Игра на тронови“


Додека фановите со нетрпение ја очекуваат секоја епизода од новата сезона на „Игра на тронови”, хакери објавија дека ги имаат „украдено“ наредните епизоди и се закануваат дека ќе ги пиратираат пред нивната премиера.

Имено, како што пренесува „Ентертејнмент Викли“, заштитата на ХБО е пробиена, и оттаму се преземени 1,5 терабајти податоци. Од украдените фајлови, хакерите пуштија онлајн необјавени епизоди од сериите „Ballers” и „Room 104″, како и трејлери за следната четврта епизода од „Игра на тронови”.

Од ХБО го потврдија хакирањето, но не открија што се се наоѓа во посед на хакерите, кои се закануваат и дека „наскоро следи уште повеќе”.

Киберкриминалците испратија дел од хакираната содржина и до одредени новинари.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1