Хакерите ја нападнаа Северна Кореја – Ким Јонг Ун е прасе (Видео/Фото)


kim dzong_1365149774_670x0Анонимуси и хакерската заедница ја нападнаа Северна Кореја. Откако хакерската група се инфилтрирала во сајтот на севернокорејската државна агенција, објавиле навредлива фотографија од Ким Јонг Ун на која тој има свинска муцка и тетоважа од Мики Маус на неговите гради.

Под сликата е поставен натпис: ” Се бара – Се заканува на светскиот мир со нуклеарен напад. Троши пари додека неговиот народ умира од глад”. На друг пост напишале: “Ние сме Анонимуси. На граѓаните на Северна Кореја им предлагаме да го урнат репресивниот режим. Ви го чуваме грбот и Ве држиме за раце додека одите на патот кон слободата, демократијата и мирот. Немојте да се плашите од нас, ние сме добри момчиња од интернет”.

Инаку хакираниот сајт е познат по тоа што на него се постира пропаганден материјал на владеачката структура. Како на пример фотографија од белата куќа гледана преку нишан на снајпер.

tviter severna koreja

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1