Хакерската група Анонимуси ѝ објави војна на руската влада


Најголемата хакерска група Анонимус ѝ објави војна на руската влада, во екот на рускиот напад врз Украина, кој трае веќе втор ден.

„Анонимус официјално е во сајбер-војна против руската влада“, напишаа тие на Твитер.

Хакерските активисти собрани во колективот Анонимус немаат раководство ниту се знае кои се членовите. Нивното мото е „Ние сме мноштвото“, што значи дека се голем број поединци. Бидејќи нема раководна структура, секој може да тврди дека е нивен член. Тоа исто така значи дека нивните членови може да имаат различни цели бидејќи немаат агенда.

И веб-страниците на руската влада, Кремљ, Думата, Министерството за одбрана беа погодени од сајбер-напади, при што некои од веб-локациите беа забавени, а други беа отстранети од интернет на подолг период во текот на денот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1