Хамонд: Само Путин може да ја запре војната во Сирија


Единствениот човек кој може да ја запре војната во Сирија е рускиот претседател Владимир Путин, изјави шефот на британската дипломатија Филип Хамонд во интервју за Би-Би-Си.

– Има само еден човек на планетава кој може да ја запре граѓанската војна со само еден телефонски повик. Тоа е Путин, ја пренесува ТАСС изјавата на Хамонд.673784_putin-sirija02-foto-reuters-ap_f

Тој во интервјуто нагласи дека положбата на сирискиот претседател Башар ел Асад е иста како и пред една година,

– Дали тој ќе замине (од власта) или ќе остане зависи од тоа дали Русите се подготвени да го искористат своето влијание врз него, изјави Хамонд.

Шефот на британската дипломатија во интервјуто ја повика Русија да го почитува хуманитарното право и да ги запре воздушните напади врз силите на „умераната опозиција“ во Сирија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1