Хан ги почна средбите со политичките лидери


Еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан и тројцата европратеници Иво Вајгл, Едвард Кукан и Кнут Флекенштајн, попладнево во Собранието на Македонија ја почнаа серијата средби со лидерите на политичките партии.han333

Првата средба Хан и европратениците е со претседателот на Беса Билал Касами по што треба да имаат одделни разговори и со лидерите на Алијансата на Албанците Зијадин Села, на ДУИ Али Ахмети, на СДСМ Зоран Заев и на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. Претседателот Ѓорге Иванов, како што информираа од неговиот кабинет, нема да се сретне со Хан.

Еврокомесарот и тројката европратенции дојдоа во Скопје во уште еден обид за договор за излез од политичката криза во која земјата е подолг период.
Според најавите од ЕК во пресрет на посетата, се очекува Хан, Вајгл, Кукан и Флекенштајн, да ја повторат позиција на ЕУ за почитување на исходот од изборите и да се дозволи продолжување на демократските процеси со брзо формирање реформски ориентирана влада, која ќе продолжи со имплементација на договорот од Пржино.
Се очекува по денешните средби Хан да ја информира јаноста за разговоите со политичките лидери и за позицијата на ЕУ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1