Хан го советувал Заев да не распишува избори


Еврокомесарот Хан го советувал премиерот Заев да не оди на предвремени избори туку да ја искористи можноста да изгради двотретинско мнозинство во Собранието за поддршка на Догворот од Преспа. Во интервју за австријски Курур, Хан вели дека е уверен оти тоа може да се постигне.

– Потребни се осум или девет гласови од опозицијата и тоа мора да биде остварено. Сите велат дека сакаат членство во ЕУ и НАТО вклучувајќи ја и опозицијата, а тогаш едноставно мора да ја платите цената на ова решение. Станува збор за решение кое е во интерес на земјата, а не на партиите и политичарите.

Хан верува дека мнозинството може да се обезбеди со, како што вели , комбинирање на Балканот и рационалноста. Изборите , според него, само ќе го пролонгираат почетокот на преговорите со Унијата. Еврокомесарот смерта дека референдумот е успешен, а за ниската излезност, посочува тој, е виновна опозицијата.

И од Бундестагот порачуваат дека преспанскиот договор треба да влезе во Собрането. Германскиот пратеник Торстен Фрај, кој е во посета на Скопје, ги повика опозицијата и владата да се обединат околу догворот.

– Не се работи за тоа поединечни пратеници да се поткупат, туку се работи за тоа да се постигне најдоброто за државата. Од мое гледиште сметам дека Владата и опозицијата треба заеднички да најдат добро решение за добро на државата, им порача Фрај на македонските политичари во Скопје.

И портпаролот на грчката Влада очекува спогодбата од Преспа наскоро да се најде во парламентот во СКопје, а потоа и пред грчките пратеници.

– Мислам дека е во апсолутно правилна насока иницијативата на господинот Заев, дискусијата да ја пренесе во Собранието и да се обиде да го формира потребното мнозинство за уставната ревизија. Ние внимателно ги следиме случувањата, ја поддржуваме иницијативата на господинот Заев, го поддржуваме обидот да го промени Уставот за да може и грчката Влада да го ратификува договорот за да стапи во сила, рече портпаролот на грчката Влада.

Според Ѕанакопулос владата во Атина е стабилна , а Каменос и Ципрас се согласиле догворот од Преспа одново ќе го разгледаат во март.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1