По изгласувањето на амандманите за промена на Уставот во македонското Собрание, стигнаа и меѓународни честитки.
Прва пристигна заедничката честитка од Високата претставничка на ЕУ Федерика Могерини и комесарот Јоханес Хан кои упатија искрени честитки за гласањето на Парламентот за уставните измени.
Според нив ова е клучен чекор во спроведувањето на историскиот договор во Преспа. Хан се обрати и со лична порака до македонските граѓани и до македонската влада.