Хан: Има закани врз пратеници на ВМРО-ДПМНЕ


Еврокомесарот Хан предупреди дека евентуалните предвремни избори би можеле да ја уништат шансата да се затвори повеќе деценискиот спор со Грција. Тој ги повика македонските пратеници што е можно побрзо да ги имплементираат уставните измени. Во интервју за австриски Стандард, ХАн директно ја обвини опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека го кочи процесот. Тој посочи дека псотојат информации за закани против оние кои сакаат да ја напуштат партиската линија и да ја поддржат владата во собранието.

„Евроатлантската интеграција, која сега конечно преку решението на спорот за името е на дофат, е наведена како цел и на ВМРО-ДПМНЕ. Но во таков случај мора да дејствуваат соодветно и да овозможат реализација на договорот. Се друго е неверодостојно“, Јоханес Хан, европски комесар за проширување

Хан уште еднаш истакна дека договорот е важен не само за Скопје и Атина, , туку и за целиот регион, а на оние кои го попречуваат пд партиски причини им порача дека ќе мораат да ја сносат целосната одгиворност за тоа.

Но, и во Грција, опозицијата сонедоверба гледа на догворот. Лидерот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис го обвини Ципрас дека напарвил отстапки какви што досега ниту една претхподна влада во АТина не направила.

На прес конференција тој и го обвини грчкиот премиер дека не го послушал својот народ кој е длабоко загрижен поради догворот во кој се отстапува од македонскиот јазик и националност.

Мицотакис повтори дека Нова демократија, нема да го ратификува Договорот од Преспа ниту во сегашниот, ниту доколку остане за следниот парламент.

– Ако овој договор уставно не се ратификува од соседната земја, ако соседната земја не го смени Уставот, тогаш сметам дека во суштина почнуваме од нула. Сметам дека нема да постои договор, што значи дека ќе ги почнеме преговорите од почеток. Доколку договорот, пак, се ратификува од соседната земја, нашата позиција не се менува. Сметаме дека е лош договор и Нова демократија нема да го ратификува ниту сега, ниту кога прашањето ќе дојде кај нас, во следниот парламент.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1