Хан: Кредибилитетот на Европа е во прашање


Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, прв пат по бегството на поранешниот македонски премиер Никола Грувески, се огласи на Твитер, порачувајќи дека владеењето на правото е еден од основните критериуми за влез во ЕУ.

– Силно владеење на правото е еден од темелните критериуми за влез во ЕУ. После години назадување, Македонија прави добар напредок во оваа област, вклучително и кривичното право. Сите земји членки на ЕУ и соседи треба да го поддржат овој процес. Се работи за кредибилитетот на Европа!, напиша Хан.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1