Очекувам дека мојата земја и пред 2025 година да стане дел од Европската унија но тоа зависи од интензитетот на нашата работа. Со 19 странски компании сме во преговори со дел од нив потпишуваме договори најголем дел од нив се од земји од ЕУ, изјави денеска премиерот Зоран Заев на средба со еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан.
„Властите треба да одредат приоритети. Владата и другите фактори се фокусираат на законите кои се релевантни за добивање на препорака. Законот за јазик не е дел од тоа, во Брисел се залагаме за донесување на законот, но тоа не е приоритет, приоритетите треба да се дефинираат според националните интереси“, изјави Хан.