Хаос кај Идомени- мигрантите дивеат, неколкумина повредени – 3 полицајци


Идомени се претвори во бојно поле. Бегалците од утрово се обидуваат нелегално да ја преминат границата и да влезат во Македонија на нелегален начин.Расте бројот на обезбедувањето, мигрантите револтирани поради затворената граница фрлаат со камења, а целиот регион мириса на солзавец.solzavec-idomeni-640x360

Лекарите од болницата во Гевгелија направиле 13 интервенции на повредени, а едно лице е задржано на опсервација.

Македонската полиција реагирала со солзавец и шок бомби со цел да го спречи нелегалниот обид за влез во земјава на мигранти од Грција.

Од МВР ја потврдија информацијата дека тројца припадници на македонските безбедносни сили се повредени во немирите кои од утринава се одвиваат македонско-грчката граница кај каменот 59, пренесе ТВ НОВА.

Полицајците се префрлени во медицинскиот центар во Гевгелија.

Од МВР велат дека тензиите се уште траат и се работи на смирување на состојбата.

Хаосот на границата започна кога стотици мигранти се обидоа насилно да навлезат во земјава, откако останаа заробени на Идомени по затворањето на Балканската рута.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1