Еве какво време ќе имаме оваа пролет и лето


На почетокот на април се очекува повеќе сонце и потопло време со помалку облаци и ветер. Овој тренд на постепено зголемување на температурите на воздухот ќе продолжи и во текот на целиот месец, но и понатаму ќе има периоди со променливи временски услови, вообичаени за април, велат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Анализите на експертите по метеорологија покажуваат дека од крајот на април кон мај ќе продолжи трендот на пораст на дневните температури, т.е. сонце во комбинација со можна попладневна атмосферска нестабилност и влажни процеси во атмо­сферата, посебно во текот на мај.toplo-vreme5500

Во првата половина на летото се предвидува поголемо влијание на суптропскиот појас на висок притисок и циклуси со поин­тензивна топлина во јужна Италија и во јужниот дел на Балканот.

Според сезонските прогнози на Европскиот центар, во првиот тримесечен период април-мај-јуни нема отста­пување во однос на врнежите, додека во јули-август-септември се очекува околу 50 милиметри помала, вкупна сума на врнежи во однос на просечните за овој период

Месец јуни се очекува да биде посув, со дефицит на врнежи и отстапувања во грани­ците од 0.2-0.6 милиметри. Сличен тренд како во јуни се пред­видува и во јули додека додека август и септември би биле во грани­ците на про­сеч­ниот, велат експертите по метеорологија.

Aвгуст ќе биде топол, но со поблаго позитивно отстапување на темпе­ра­турите, додека септември во рамките на просекот.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1