За смирување на насилната толпа пред судската палата полицијата употреби солзавец за да ги разбие. Неофицијално, има дестина полесно повредени полицајци.
Специјалците почнаа да апсат, приведени се неколкумина. Опсадата на судската палата полека се расчистува, дел од демонстрантите се упатиле кон владата а дел кон Чаир. Извори од судот за Либертас тврдат дека има многи ускршени прозорци од камењата што ги фрлале демонстрантите .
Полицијата ги употреби водените топови за да се обиде да ја потисне масата која се обидува да го пробие кордонот од ЕБР која треба да ги спречи насилните демонстранти да се вратат пред Кривичен суд за да го продолжат каменувањето.
На терен интервенираат екипи од Брза помош кај Мавровка и кај судовите е вистински хаос – на сите страни камења и превртени контејнери и ѓубре…
СО КАМЕЊА КОН ПОЛИЦИЈАТА – 2 ПОЛИЦАЈЦИ ПОВРЕДЕНИ – ТОЛПАТА ИСТИСНАТА КОН БИТ ПАЗАР
ЦЕЛ СУД ИСКРШЕН, ПОВРЕДЕНИ ПОЛИЦАЈЦИ И ВРАБОТЕНИ
ДЕМОНСТРАНТИ МАВААТ ПО ПОЛИЦИЈАТА (ВИДЕО)