ХАОС ВО БУДВА: Полицијата ги спасуваше заробените туристи на плажа – германец најден мртов


Неверојатното невреме со силен ветер и високи бранови затече на плажа околу 30 туристи, па мораа да бидат спасувани од страна на црногорската полиција и Управа на морската безбедност.

Драматично како што е соопштено од полицијата, било на плажата Могрен кај Будва и на некои плажи меѓу Бара и Петровец.

hrvatska-se-priprema-poplave-sloveniji-proglasen-crveni-alarm-slika-648692-300x163Туристите практично биле заробени, и од високите бранови не можеле да ги напуштат плажите, поради што загрозените капачи на поедини места на плажите биле извлекувани со летало.

Најдраматично беше на Црвената плажа во Будва, каде што високите бранови закотвија група тинејџери од Русија и од Словенија.

На плажата на која се стигнува само преку море, дошле со педалинки, но големите бранови им го пореметиле планот за враќање. Нивното извлекување  траело до полноќ бидејќи од службата за спасување поради високите бранови не можеле да стигнат до плажата.

Спасувачите одлучиле да ги извлекуваат со скали кои обично се користат при качување на згради.

Невремето предизвика проблеми и во Чањ – каде се преврте чамец во кој биле три деца. Но за среќа сите биле навреме извлечени. Нивните родители кои биле на плажата додека децата се возеле на чамецот исто така останале заробени се додека не се смирило невремето.

06012014205735_branovi velika britanijaДраматично било и на плажите мегу Бар и Петровец.

Невреме ја погоди и Хрватска – 74 годишен германски турист е пронајден мртов на плажа на Раб. Силното невреме го погоди и Цавтат. Но според метерозлозите Хрватска во среда ќе биде погодена од циклон  што ќе донесе драстично намалување на  температурите.

Се очекува да дува силен ветер посебно на Јадранскиот брег.

Силно невреме синоќа го погоди и Ниш во Србија – градот остана без струја откако громови удрија во повеке трафостаници по што интервенирале и пожарникарите.

За неколку часа во Ниш наврнале 58 литри вода на метар квадратен.

Доджот потопи и неколку автомобили во Белград, каде поради дождот на шините во прекин беше трамвајскиот сообраќај.

 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1