По најавата на грчкиот премиер Алексис Ципрас дека на 5 јули ќе одржи референдум за народот сам да одлучи дали сака да остане во еврозоната или да си ја врати драхмата, Грците цела ноќ пред банкоматите во редици чекаа да извадат пари
Ципрас го објави ненадејниот референдум како последен обид да ги натера кредиторите на земјата да ги повлечат своите барања за да ѝ ја обезбедат на Грција иднината во еврозоната