Хаос во Металург: Ракометарите одбиле да тренираат, нема кој да игра утре против Загреб


Кризата што го тресе Металург од почетокот на сезонава кулминираше во текот на денешниот ден, откако ракометарите на македонскиот првак влегле во отворен конфликт со раководството на клубот, одбивајќи да тренираат поради неисплатените финансиски обврски кон нив. Лино Червар денеска требаше да ги има на располагање сите играчи во пресрет на утрешниот меч од СЕХА-лигата против Загреб, но ситуацијата се искомпликува по состанокот што ракометарите го имаа со раководството на клубот.metalurg

Неофицијално, на играчите пред десетина дена им било ветено дека до враќањето по репрезентативната пауза ќе им бидат подмирени сите обврски, а нивното разочарување пораснало откако управата на клубот повторно побарала дополнително време за да ги исплати парите што им се должат. Состанокот минал во напната атмосфера, по што ракометарите одбиле да тренираат.

Играчите во текот на вечерта или најдоцна до утре ќе излезат со заеднички став, потпишан од сите ракометари. Металург треба во 4 часот наутро да отпатува за Загреб, но по ваквиот развој на настаните нејасно е дали македонскиот првак воопшто ќе биде во можност да состави соодветен тим за да му се спротивстави на хрватскиот шампион, или Лино Червар можеби со младинска екипа ќе отпатува за Хрватска.

извор: Екипа

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1