Пазете се: Нов вирус


Компанијата Shape Security откри дека овој вирус е способен да чита инструкции од Gmail драфтови и да одговара на команди кои му ги задаваат хакери.

Експертите открија нов вирус (malware) кој прво го заразува компјутерот, па го шпионира, а она што е карактеристично за овој вирус е начинот на кој „комуницира“ со творците. Тој го користи популарниот Gmail сервис за комуникација со хакерите.

internet kompjuter yahoo gmail

Компанијата Shape Security откри дека овој вирус е способен да чита инструкции од Gmail драфтови и да одговара на команди кои му ги задаваат хакери, а корисникот на инфицираниот компјутер не е ни свесен за тоа.

За функционирањето на овој вирус, хакерите прво креираат анонимен Gmail налог, а потоа го инфицираат саканиот компјутер. Откако ќе добијат контрола, сајбер криминалците скришно отвараат Internet Explorer на кој е вчитан нивниот Gmail налог. Кога ќе го направат сето тоа, можат да испраќаат информации на заразениот компјутер, но и од него.

Овој вирус користи Python скрипта за превземање команди и кодови кои хакерите им ги задаваат во draft фолдерите. Овој вирус е варијанта на веќе постоечкиот „тројански коњ“ под име Icoscript, кој е откриен во август. Icoscript ги инфицира компјутерите уште од 2012-та година користејќи го Yahoo Mail за да се сокрие

Не е познато колку машини се заразени со овој вирус, бидејќи не постои едноставен начин за негово детектирање. Google се` уште нема дадено никакви изјави по повод овие напади, единствено напомена дека неговите системи активно трагаат по вируси и штетна содржина во Gmail за да ги отстранат.

Tocka

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1