Прославата на улиците на Париз, откако Франција го освои првото место на Светското првенство во фудбал во Русија, се претвори во нереди и судири со полицијата.
Социјалните мрежи се преполни со слики од дивеењето на навивачите на улиците на Париз.
Превртени автомобили, разбиени излози на продавници, полицијата граѓана со камења, шишиња….
Се започна откако францускиот тим го постигна првиот гол, а ескалираше на крајот на натпреварот кога Французите славеа со 4-2 против Хрватска.