Хаотична ситуација во ДИК- се врши ли притисок за пата-пата мандати?


Хаотична ситуација владее во Државната изборна комисија (ДИК) откако оваа институција се уште ги нема соопштеное конечните резултати од предвремените парламентарни избори и распоредот на пратенички мандати. Прашањето кое струи во ајвноста е дали во ДИК се врши некаков притисок за мандатите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да бидат пата-пата?

МРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ победија на предвремените парламентарни избори одржани вчера. Според 99,72 отсто преброени гласови (100% во сите шест ИЕ во Македонија, фалат минорен број на гласови од гласањето на дијаспората), ВМРО-ДПМНЕ освои 452.709 гласа, додека опозициската коалиција предводена од СДСМ освои 436.469 гласа.dik sednica

Математиките велат дека според официјалните бројки на ДИК, објавени на нивната официјална страна при 100 обработени податоци, ВМРО-ДПМНЕ освои 51 пратенички мандат, додека СДСМ два помалку, односно 49. Сепак, ДИК од нејасни причини калкулира со соопштувањето на официјалните резултати и официјално да соопшти каков е соодносот на пратенички амндати.

-Во ДИК е хаос во моментов. Почнуваме да ги пробиваме законските рокови за постизборните процедури што треба да ги спроведе Комисијата. Постапката на доставување на записниците од Општинските изборни комисии е во тек, уште трае. Но, како што стигаат, се утврдува несовпаѓање со електронските податоци на ДИК. Никој не кажува кај е киксот. Никогаш не се случило ние да немаме официјални и конечни резултати до 13 часот утредента по секои избори“, велат за порталот СДК извориод службите во Комисијата.

Прашањето кое се поставува во јавноста е дали се врши некаков притисок врз ДИК за можна промена во бројот на освоени пратенички мандати, односно според неофицијални информации спорна наводно била шестата изборна единица каде постела можност ВМРО-ДПМНЕ да изгуби еден пратеник, кој би отишол на контото на СДСМ и со тоа да се создаде перцепција дека опозициската партија не е поразена на изборите и покрај евидентната разлика од 20.000 гласови.

Исто така, нејасно е дали во моментов во ДИК, каде владее хаос, има престатвници на ОБСЕ/ОДИХР и истите имаат увид во целосната ситуација. ДИК речиси 24 часа веќе не успева да собере податоци, иако станува збор за само уште 10 избирачки места од дијаспората, каде се гласаше во саботата. Процентот на обработени податоци веќе со часови е замрзнат на 99.72.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1