Косовскиот премиер Рамуш Харадинај и неговиот заменик Енвер Хоџај, ја навестија можноста за прекин на дијалогот со Белград, доколку прашањето за визната либерализација на Косово не биде на дневен ред во декември.
Како што пишува приштинска Епока е ре, тие ја сметаа како разумна поврзаноста на овие два процеси.
Харадинај и Хоџај, наведува овој дневен весник, сметаат дека не е во ред тоа што Брисел ја притиска Приштина на дијалот, а истовремено не носи одлука за визна либерализација за Косово.
Претставниците на власта во Приштина им ветија на граѓаните дека ќе добијат визна либерализација до крајот на оваа година.
Меѓутоа, повеќе официјални лица од ЕУ во изминатите месеци предупредија дека Приштина не ги исполнила сите критериуми за добивање на визна либерализација, а некои земји јавно се противеа на тоа, а самиот процес е во тек.