Харадинај: Вучиќ нуди признавање на Косово во замена за дел од неговата територија


Поделбата на Косово не излегува од реториката на косовските лидери, овој пат, од навидум најголемиот противник на прашањето за промена на границите.

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај во авторски текст за „Вашингтон Пост“ открива дека од српскиот претседател Вучиќ, со поддршка на Русија, добиле непристоен предлог – Белград да го признае Косово, а за возврат да добие дел од косовската територија.

-Евентуално предавање на дел од косовската територија на Србија претставува кусоглед обид да му се попушти на насилникот со надеж дека малтретирањето ќе престане. Тоа е превисока цена , пишува Хараднинај во авторски текст за „Вашингтон Пост“.

Српскиот претседател Вучиќ оцени дека текстот на Харадинај е само потврда дека преговорите меѓу двете земји се завршена работа. За министерот за надворешни работи Дачиќ, пак, тоа е одговор на нервозата по неуспехот на Косово да стане членка на Интерпол.

-Околу Харадинај. За него не е микрофон, тој користел други орудија од војната. Тој сега зборува за борбата против криминалот, против Интерпол, изјави Ивица Дачиќ, министер за надворешни работи на Србија

Во меѓувреме, Србија деветти ден живее со наметнатите такси на Приштина од 100 проценти на увозот на производи од Србија. Потој повод, српските студенти во Косовска Митровица одржаа протест, на кој ја повикаа Европската унија да не молчи на радикалната мерка. Жителите од Северно Косово стравуваат дека во прашање се денови, кога ќе останат без храна.

-Се плашиме што ќе се случи утре. Тешко е да се испорача стоката од Централна Србија, од која зависиме. Залихите исчезнуваат, се плашиме дали ќе има лекови, вели жител на Косовска Митровица

Косовската влада соопшти дека нема да ги укине таксите, се додека Србија не го признае Косово, па макар, тоа ја чинело и пад на владата во Приштина.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1