Харисон Форд повреден во авионска несреќа- тој е во критична состојба со повреди на главата (Видео)


Харисон Форд e повреден при падот на стар авион за обука од Втората светска војна, кога пилотирајќи се обидел да слета на голф игралиште на Мар Виста, Калифорнија. Актерот бил свесен и дишел кога спасувачките екипи стигнале до негоharison

Форд ја преживеал несреќата, но се има здобиено со сериозни повреди на главата, веднаш е пренесен UCLA траума центарот и во моментов се наоѓа во критична состојба.

Се уште нема официјална информација околу тоа како се случила несреќата и што го предизвикало падот.

Падот на Форд следува само неколку месеци откако беше повреден на сетот на Star Wars, кога се здоби со повреда на глуждот.

72-годишниот Форд е долгогодишен пилот – управува и авиони и хеликоптери – и досега повеќе пати се има урнато.

Во интервју за Нешнел џиографик во 2008 година тој опиша инцидент што се случил додека самиот пилотирал хеликоптер.harison21

„Па, имаше механички дефект додека изведувавме авторотации за враќање на напојувањето. Тоа беше тешко приземјување“, рече тој во тоа време. „За среќа, јас бев со друг авијациски професионалец и ниту еден од нас не беше повреден – и обајцата сè уште летаме.“

Во 2000 година, пак Форд учествуваше во друга несреќа, овојпат во авион за шест патници, во кој биле тој и уште едно лице. Авионот беше оштетен, но немаше повредени.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1