Хартиените пари ќе исчезнат за 10 години


Во рамките на панел дискусија за меѓународните финансии на Светскиот економски форум во Давос шефот на најголемата германска банка – „Дојче банк“ и британски инвестициски банкар Џон Крајан изјави дека хартиените пари ќе бидат целосно заменети со безготовински трансфери за 10 години.pari evra 1

„Дигиталните технологии и дигиталната валута ќе ги дематериализират познатите сегашни пари. Тие не само што се практични, но и многу повеќе заштитени, бидејќи ќе бидат „приврзани“ кон одредена личност и лесно ќе може да се следи нивниот пат“, рече уште банкарот.

Така многу полесно ќе се води и борбата против перењето пари, бидејќи трагите за трасфери ќе останат во банките и лесно ќе можат да се следат, пренесе Ројтерс.

Во дискусијата учествуваа шефот на „Morgan Stanley“ Џејмс Горман, претседателот на Одборот на директори на „Zurich Insurance Group“ Том де Сваан и шефот на ММФ Кристин Лагард

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1