Хашим Тачи е француски агент – тврди екс сефот на француското разузнавање


Поранешниот челник на француското разузнавање Пјер Сираму, во документарната програма за телевизијата Канал Плус тврди дека поранешниот косовски премиер и шеф на дипломатијата, Хашим Тачи работел за француската тајна служба, пренесува албанската новинска агенција Balkanweb.pjer francuski razuznavac eks sef

Истиот извор наведува дека Хашим Тачи бил регрутиран како соработник на француската служба од страна на тогашниот разузнавачки офицер на одделот за балкански прашања Арно Дајнеан, и тоа за време на преговорите во Рамбује, во Франција.

Во документарната емисија, исто така, се тврди дека герилската војска на косовските Албанци, Ослободителната војска на Косово (ОВК- УЧК) се снабдувала со оружје преку канали во француската престолнина Париз.

Хашим Тачи, актуелен лидер на Демократската партија на Косово (ДПК), во истата документарна емисија вели дека Франција го помогнала Косово, а не него лично.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1