Хеликоптер со менаџери на Coca-Cola се урна во Никарагва


Двајца претставници на компанијата „Coca-Cola“ и поранешниот шеф на администрацијата на претседател на Никарагва, Антонио Лакајо, најверојатно загинале во вторникот при падот на мал хеликоптер во оваа централноамериканска земја, пренесува тамошниот портал 100%Noticias.Image: couple walks by Coca-Cola sign

Според полицијата, со хеликоптерот од типот „Bell 206“ имало четири лица, вклучувајќи го и пилотот. Засега, покрај остатоци од хеликоптерот, пронајдено е и телот на еден Американец, менаџерот за набавки на „Coca-Cola“, Џејмс Скот Хорисбергер.

Хеликоптерот во сопственост на компанијата Helicópteros de Nicaragua S.A (HELINICA), кој летал кон Сан Карлос, се урнал во реката Сан Хуан, а се води потрага по телата на уште еден член на управата на американската компанија, на поранешниот никарагвански политичар и на пилотот кои официјално се водат како исчезнати.

Антонио Лакајо беше шеф на администрацијата на шефот на државата Виолета Бариос де Чаморо во периодот од 1990 до 1997 година.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1