Светлана Ражнатовиќ од Белград ќе тргне со личното обезбедување, а патот кон Босна, односно од Бјелина, ќе го продолжи со хеликоптерот кој го користи претседателот на Република Српска.
Светлана Ражнатовиќ Цеца, вечерва, за прв пат по војната ќе одржи концерт во источниот дел на Сараево. Спектаклот на стадионот Славија е прогласен за настан од висок ризик, по заканите од некој екстремистички бошњачки групации како и хрватски екстремисти од овој дел на Блаканот дека ќе го спречат концертот.
Затоа, Цеца, во градот во кој нејзиниот сопруг се смета за воен злосторник, доаѓа со хеликоптер. Таа во придружба на личното обезбедување со автомобил ќе отпатува во Бијелина, од каде, со обезбедувањето на претседателот на Република Српска, Милорад Додиќ ќе влезе во хеликоптер за да стигне до меѓуентитеската гранична линија од каде, под силна полициска придружба ќе се упати на стадионот Славија за концертот.
Организаторите велат дека се превземени сите мерки на безбедност и дека посетителите можат да бидат спокојни.
Сепак, Цеца не сака да ризикува. Таа воопшто нема да се здржи во Сараево ниту пред ниту по концертот. За неа е резервирана собра во еден луксузен хотел во Источно Сараево, но само за да се подготви за настапот. Веднаш по завршувањето на концертот, таа се враќа за Белград