ФОТО: Јоцо ја запроси Марина на затворањето на Бит Фест


На концертот на Владо Јаневски во античкиот театар Хераклеа,  битолчанецот Јоцо Ѓорговски клекна пред својата девојка и пред многубројната публика  на романтичен начин ја побара нејзината рака.

Откако таа кажа ДА, публиката им честиташе со голем аплауз. Романтичниот момент се случи токму за време на песната „Од овој ден ти си ми единствена “.Screenshot-343-650x363

Со концертот на македонскиот пејач беше затворено овогодинешното издание на битолското културно лето „Битфест“, кое со реализирани над 270 настани уште еднаш го задржа рекордот за најдолго, но можеби најквалитетно  културно лето во земјава.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1