Не паничете, но овие суштества живеат на нашето лице!


На нашето лице живеат Демодекси.

Научниците велат дека уште одамна знаат дека на човечкото лице живеат Демодекси – микроскопски паразити, кои изгледаат како мали полжави, но сега за прв пат детално ги истражиле на Универзитетот Северна Каролина.

„Кога ги видов прв пат, не спиев четири ноќи. Меѓутоа, Демодексите се всушност прилично симпатични суштества. Имаат осум мали нозе и изгледаат како да пливаат низ масло”, вели коавторот на истражувањето Меган Тоемес.01_343Demodex-follicularum-02

Таа и нејзините колеги тестирале ДНК од кожа солупена од нос од 29 луѓе и откриле дека секоја личност постара од 18 години има паразити на својата кожа. Научниците се` уште не знаат како тие се пренесуваат, но се претпоставува дека мајката ги пренесува на бебето во текот на доењето.

Добрата вест е дека грините не се опасни и дека веројатно не предизвикуваат никакви проблеми. „Охрабрувачки е фактот што сите ги имаме”, велат научниците.

Tocka.com.mk

 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1