Меѓу вестите на денот кои го „шокираа“ светот е и веста дека омилениот анимиран лик на девојчињата, како и симболот за една глопална популарна култура, Hello Kitty, не е мачка.
По грешните толкувања во една книга која го истражувала феноменот на Hello Kitty низ светот, се огласи Sanrio – јапонската компанија која е нејзин креатор.
“Не, таа не е мачка. Тоа е анимиран лик – девојче. Всушност таа никогаш не ни била претставена како мачка, никогаш не одела на четири нозе и слично.
Од самиот почеток таа е прикажувана како човечко битие”, стои во објаснувањето.
По оваа вест се чини дека светот е изненаден и никогаш не ни се мислело за опцијата дека Hello Kitty може да биде било што друго освен мачка, иако ликот постои веќе половина век.
Иако нејзиното име е Kitty ( мачка), таа тоа не е. Всушност, Кристин објаснува дека и таа верувала во тоа, но познавачите на овој лик ја исправиле.
– Hello Kitty не е мачка. Тоа е цртан лик. Таа е мала девојка. Таа е пријател. Но таа не е мачка. Таа никогаш не прооде на сите четири нозе. Оди и седи како секое суштество на две нозе. Таа има домашно милениче по име Карма Кити – објаснува антропологот .
Hello Kitty има цела животна приказна, која многу фанови не знаат. Нејзиното вистинско име е Кити Вајт, во хороскоп е Шкорпија, сака пита со јаболки и нејзините родители се викаат Џорџ и Мари Вајт .
– Таа има сестра близначка , и оди во трето одделение. Живее во близина на Лондон .
Интересно е тоа што Hello Kitty е создадена во 70-ти, кога Jапонците беа вљубени во Велика Британија. Ја идеализираа неа, затоа што таа е британската Кити.