Хелсиншкиот комитет бара да ѝ се укине притворот на Моника Ристеска


Хелсиншкиот комитет за човекови права смета дека одредениот 30 дневен притвор на активистката Моника Ристеска, позната како Моника Конопова, не е неопходен за водење на кривичната постапка и препорачува други видови на мерки на претпазливост заради обезбедување на присуство во постапката за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекусори.

„Хелсиншкиот комитет, како и во многу наврати претходно, препорачува мерката притвор да се користи како мерка на претпазливост во исклучителни случаи, а не како репресивен механизам. Во оваа прилика потсетуваме и на неприфатливата селективност при одредување мерка притвор од страна на надлежните органи, особено во случаи на корупција и организиран криминал“, велат од таму.

Исто така, додаваат од Хелсиншкиот комитет, следејќи го светскиот тренд за декриминализација и легализација на употребата на канабисот, ја повикуваме Владата сериозно да ги земе предвид иницијативите за подготовка на нови законски решенија во оваа област.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1