Синиша Михајловиќ беше на клупата на Болоња против својот некогашен клуб Лацио. Тој излезе накратко од болница само за да биде на дуелот. Беше пречекан со овации од навивачите.Синиша им отпоздрави со крената рака иако мора да се забележи дека се движи тешко поради хемотерапиите кои ги прима.
Тој се надева дека за неколку недели се ќе биде во ред и оти на секој меч ќе биде на клупата на клубот која му ја даде целата поддршка.
Il ritorno di #Mihajlovic #BolognaLazio pic.twitter.com/XY5xXKyBD9
— Antonio Parrotto (@AntonioParr8) October 6, 2019