„Хербалајф“ под истрага – работи ли законски


Федералната комисија за трговија денес потврди дека ќе го истражува со седиштето на „Хербалајф“ во Калифорнија, а оваа најава дојде откако една шпанска групи отвори прашањата за мулти – левел маркетингот на компанијата. На ваквите информации од „Хербалајф“ изјавиле дека ја поздравуваат истрагата и ќе соработуваат во целост, бидејќи за нивната компанија се појавиле огромен број на дезинформации.

RT_herbalife_jtm_140312_16x9_992„Ние сме убедени дека ,Хербалајф’ работи во согласност со сите важечки закони и прописи“, изјавуваат од компанијата. Поради оваа објава за истрага на „Хербалајф“ цената на трговијата на акции на берзата на Вол Стрит паднала за 13 проценти. Компанијата со години е мета на фирмата „Першинг Сквер“ која пак потроши 1 милијарда долари на проспекти и на своја истрага со цел да докажат дека „Хербалајф“ има нелегална пирамидна шема – односно со секој нов член, секој кој е над него во пирамидата добива одреден процент на добивка.

До денес ниту една регулаторна агенција не изјави јавно дека ќе се прави истрага за тврдењата против компанијата. На 23 јануари сенаторот Едвард Џ Марки, напишал писмо до Федералната комисија за трговија за да ја праша агенцијата дали погледнале во бизнис практиките на „Хербалајф“.

Џејмс Енџел, бизнисмен и професор од Џорџтаун за телевизијата Еј-Би- Си изјавил дека во последниве месеци пазарот диво флуктурира поради новостите за оваа компанија бидејќи никој не е сигурен која страна е исправна.

„Има нешто мистериозно во оваа компанија. А тоа што ја прави фасцинантна е кога ќе ги видите луѓето во Вол Стрит како се борат за една таинствена компанија““, изјавил Енџел”. Фирмата „Першинг Сквер“ ги користи лобистите и медиумите за да направи истрага врз практиките на компанијата.

Една од лините за напад доаѓа од латино невладините организациите кои неколку месеци поминуваат во лобирање на членови на Конгресот за помош во убедувањето на Федералните регулатори да го испитаат седиштето во Калифорнија – фирма која има регрутирано стотици илјади латино – американци како дистрибутери на своите производи .

Пред денешната ФТЦ случувања, Herbalife претседател Des Волш изјави ABC News дека ставовите Вилкс во врска со компанија се ” погрешно ” и се базира на дезинформации. „Ние сме вознемирени од ова што го слушаме бидејќи знаеме дека работиме за доброто на луѓето секојдневно“ изјавил Дес Волш претседател на „Хербалајф“.

„За само една година во делот на исплати кои ги имаме со латино дистрибутерите во САД, ние заработивме 180 милиони долари во латино заедницата. Затоа мислам дека сме голем придонесувач не само за здравјето во латино заедницата туку и во подобрувањето на финансиите”, изјавил Волш.

„Хербалајф“ е 34 години стара мулти-левел компанија која продава исхрана во вид на шејк, додатоци во исхраната и козметика преку над три милиони дистрибутери. Некои потрошувачи се регистрираат во компанијата како членови за да добијат попуст на производите, додека другите се заинтересирани да заработат. Во изјавата објавена од „Хербалајф“ во средата стои дека компанијата ќе ги преброди федералните испитувања. „Хербалајф“ е финансиски силна и успешна компанија и има формирано значајни вредност за акционерите , значајни можности за дистрибутерите и позитивно влијае на животот и здравјето на своите потрошувачи веќе 34 години“, изјавија од компанијата.

Александра Смилеска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1