Херој и по смртта: Германскиот олимпиец загина во Рио но спаси четири животи


Тренерот на германските кануисти Штефан Хенце почина пред неколку дена од повредите здобиени во сообраќајна несреќа во Рио де Женеиро.

Хенце (35) кој како натпреварувач освои сребрен медал во слалом со кану на брзи води на ОИ во Атина 2004 година, помина неколку дена во болница, но почина по операцијата. Германските медиуми пренесуваат дека тој станал херој и после смртта зошто спасил четири животи.stefan-hence-foto-reuters-1471532905-973043-71867

Германските медиуми наведуваат дека неговото семејство одлучило да ги донира неговите органи.

-Срцето, црниот дроб и двата бубрега се успешно трансплантирани. Тој спаси 4 животи, рече портпаролот на бразилското министерство за здравство.

Семејството на Хенце кое допатуба во Рио по несреќата даде согласност за трансплантација.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1