Мајкл О’Конор (30) од Велика Британија и гледаше на смртта во очи, кога се најде во средината на масакрот на концертот на метал бендот во Париз каде што 80 лица ги загубија своите животи. Овој храбар млад човек легнал над својата девојка и на тој начин и го спасил животот.
Мајкл вели дека тој мислел цело време дека ќе умре, легнал над девојката Сара и и кажал дека ја сака, затоа што бил подготвен на најлошото. Сара, а од друга страна, била поголем оптимист.
– Двајца млади луѓе дојдоа од задната страна на сцена и отворија оган врз нас. Само на едниот можев да му го видам лицето. се обидовме да бегаме, но не можевме да стигнеме далеку, бидејќи се созндаде неверојатна мешаница. Тие продолжија да пукаат од автоматско оружје, а луѓето само почнаа да паѓаат на сите страни. Кога запреа, мислевме дека е крај, но тие само го наполнија повторно оружјето и продолжија да пукаат. Беше неверојатно – вели Мајкл.
Кога Мајкл видел излез на другата страна на сцената, се обидел да се протурка, но луѓето во очај се искачувале еден над друг. Од балконот терористите безмилосно стрелале, и Мајкл се повеќе губел надеж дека ќе преживее.
– Што да правиш во оваа ситуација? Јас само чекав да умрам. Но, мојата девојка ми кажа ,,ние нема да умреме тука,, и беше многу силна. Решивме да се преправаме дека сме мртви легнавме и не се движевме. Еден од напаѓачите, на француски, рече дека ова е поради “нашиот претседател Франсоа Оланд.”.
Лежевме така околу еден час и 15 минути, кога полицијата влезе. Слушнавме истрели, а потоа имаше само молк. Тоа беше неверојатно олеснување, јас никогаш не сум бил посреќен – вели Мајкл, кој со својата девојка живее во Лион, Франција.
Мајкл и неговата девојка се меѓу преживеаните на координираните напади на исламската држава во Париз, која се одржа во петокот вечер. На нападите во кои загинаа 129 лица, а повредени се повеќе од 350 места.