30-годишниот воен ветеран Крис Минц, бил еден од студентите на колеџот во Орегон, кога напаѓачот Крис Харпер Мерсер влегол во зградата и почнал да ги убива студентите.
-Ми кажаа дека скокнал на напаѓачот. Не постоела можност тој мирно да стои и да набљудува додека се случува нешто толку страшно, рекол Дерек Буржоа, братучед на Крис.
За несреќа, во својот храбар подвиг, масовниот убиец, во Крис испукал 5 куршуми. По тешкото ранување бил префрлен во болница. Виталните органи не му се повредени и тој моментално е на операција во локалната болница.
Братучедот на Минц, за Дејли мекл рекол Крис самостојно му застанал на патот на напаѓачот, обидувајќи се да ги спаси студентите.