Ќерката на поранешниот американски претседател Бил Клинтон и поранешниот државен секретар на САД Хилари Клинтон – Челзи очекува бебе.
Младата дама објавила дека заедно со нејзиниот сопруг Марк Мезвински го очекуваат првото дете во оваа година, соопштија американските медиуми.
Челзи Клинтон ја објави среќната вест за време на манифестација на фондација “Клинтон” во Њујорк.
Хилари Клинтон рече дека “навистина се возбудува”, дека ќе стане баба, која според нејзините зборовите ја прави уште поважнанејзината работа за создавање на повеќе можности за идните генерации.