Хирург од Велес оперирал слепо црево, а детето имало преплет на црева – детето починало


Една година затвор доби велешкиот хирург Петре Кодовски, бидејќи е утврдено дека тој е виновен за смртта на десетгодишниот Месерт Зекиров, кој почина на 31 мај 2010 година.
osnoven-sud veles
„Утрински весник“ пишува дека пресудата во Основниот суд во Велес е донесена врз основа на вештачењето на стручните лица од Институтот за судска медицина и вештачење на судско-медицинскиот одбор, кои констатирале дека докторот не открил оти детето имало преплет на цревата туку го оперирал од слепо црево.
– Жалам за изгубениот млад живот, но не се чувствувам виновен. Имам оперирано повеќе од 5.000 ипациенти за овие 10 години работа и не се случил никаков проблем. Пациентот најсовесно го прегледав и немаше други симптоми за можна друга болест, по што пристапив на операцијата. Тврдам дека не излезе гнојна течност од стомачната шуплина на детето, која ќе сигнализира дека има нешто друго. Детето, додека бев на работа, до утрото немаше никаков проблем, немаше никаква реакција – изјавил хирургот во својата одбранаut.
Според пресудата, докторот е должен да ги плати и трошоците за вештачењето и судска постапка, во вкупна вредност од 260.000 денари.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1