Хитлер лажел во тестаментот – тврдел дека е сиромашен, а бил милијардер!


На денот на своето самоубиство Адолф Хитлер напишал таен тестамент во кој се што имал и го оставил на партијата. Но, иако тврдел дека е сиромашен, претходно ги сокрил милијардите на сметки во Швајцарија.

BundesarchivИсторичарите им влегле во траг на парите преки данончни документи, и документации од банките. Процениле дека Хитлер тежел 1,1 милијарди тогашни марки, што одговара во денешна противвредност од 3,6 милијарди фунти односно околу 4,5 милијарди евра.

Во текот на својот живот нацистичкиот лидер ги уверувал Германците дека заработува малку пари и дека нема ниту банкарска сметка. Но, Хитлер на почетокот успеал да затаи 1,75 милиони фунти неплатен данок, пред на сила да стапи законот со кој е ослобден од негово плаќање.

Неговата книга „Mein Kampf“ која ја напишал во затвор му донела заработка од милион тогашни марки годишно, и тоа откако со декрет одлучил да по една копија од книгата добие секоја брачна двојка, а набавката ја плаќала државата.

Tan2014-4-29_195222850_1Историчарите тврдат дека германскиот диктатор во тајност напишал тестамент, на денот на својата смрт, надевајќи се дека на тој начин ќе ги измами Германците дека нема ништо. Во тој тестамент на пет страници Хитлер ги клеветел Евреите, а на три страници себе си си се претставил како целосно сиромашен човек. Хитлер побарал и државата да се погрижи неговите роднини да имаат доволно пари за да припаѓаат на средната класа. Сојузничките војници ги откриле тестаментот кога еден нацист се обидел да го изнесе од земјатта, сокриен во јакна.

Сепак некогашаниот британски шпиун Херман Ротман тврди дека Хитлер ги сакал парите, а во прилог на тоа го наведува и фактот што наци-водачот авторски ја заштитил својата слика така што секој пат заработувал кога ќе било испратени писмо со поштенска марка на која е неговиот лик.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1