Прора е изградена по наредба на Адолф Хитлер помеѓу 1936 и 1939 година на Руген, најголемиот германски остров, но низ вратите на хотелскиот комплекс, во кој се наоѓаат над 10.000 соби, никогаш не пречекорил ниту еден единствен гостин.
Изградбата престанала откако водачот на нацистите одлучил сите средства со кои располагал да ги употреби на Втората светска војна.
Берлинската фирма „Метрополе“ неодамна одлучи да го претвори овој комплекс на Хитлер во луксузни станови со 5 ѕвезди и велнес центар.
Завршувањето на градежните работи и отворањето на овој историски-современ комплекс се очекува во октомври, а досега веќе се продадени околу 60 станови чија цена се движи од 175.000 со 1.264.000 евра.