Заменик помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Хојт Брајан Ји влезе на средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во Клубот на пратениците. На средбата освен Груевски, дојде и пратеникот Влатко Ѓорчев
Претходно Хојт Ји имаше средби со претседателот Иванов, новиот собраниски спикер, Талат Џафери и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој беше придружуван од заменик претседателката Радмила Шекеринска и генералниот секретар Оливер Спасовски, а вчера имаше средби со претседателите на партиите на Албанците.