Хојт Ји во среда во Македонија


Американскиот заменик помошник државен секретар за Европа и Азија, Хојт Брајан Ји во среда доаѓа во посета на Македонија, во нов обид да се дојде до решение на политичката криза во земјата.hojt ji

Ова е втора посета на Ји на земјава за краток период, откако во март годинава имаше разговори со партиските лидери и државниот врв на тема Пржинскиот договор и одржувањето на предвремените избори.

„Само преку имплементацијата на Договорот, Македонија ќе може да го започне следното поглавје од интеграцијата во меѓународната заедница. Има доста различни погледи во поглед на имплементацијата на Договорот, но сметам дека постои посветеност од страна на партиите“, изјави тогаш Ји по разговорите со државните функционери.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1