Британскиот физичар Стивен Хокинг на конференција во Лондон изјави дека вештачката интелигенција би можела да биде најлошата работа која го снашла човештвото.
Хокинг истакнал дека целото човештво треба да се загрижи поради развојот на вештачката интелигенција.
„Компјутерите ќе станат помоќни од луѓето во наредните 100 години благодарение на вештачката интелигенција. Мораме многу да се потрудиме кога тоа ќе се случи да компјутерите имаат цели кои се изедначени со целите на човештвото. Нашата иднина ќе биде трка помеѓу растечката сила на технологијата и мудроста која ќе ја користиме“, рекол тој.
„Крај на човечкиот вид“
Нагласил дека многу е важно кој ја контролира вештачката интелигенција додавајќи дека во иднина голема грижа за човештвото ќе биде дали воопшто ќе може да се контролира вештачката интелигенција.
„Развојот на вештачката интелигенција би можел да значи крај за човечкиот вид“, истакнал Хокинг.