Холандија – Брзината е ограничена на 100 км/час


Холандија ја ограничува брзината на возење на 100 км/час со цел да се намали емисијата на азот , објави денеска премиерот Марк Руте.

Владата на Руте е погодена од криза по судската пресуда во мај кога илјадници градежни проекти беа одложени затоа што Холандија со години ги прекршува границите утврдени од Европската Унија за нивото на дозволен азот во животната средина.

Емисијата на азотен диоксид отпаѓа најмногу на автомобилите, камионите и големите дизел-камиони и градежните возила. Азотот во подземните води и почвата генерално доаѓа во форма на нитрат кој се наоѓа во земјоделските ѓубрива и преку канализацијата, предизвикува прекумерна репродукција на алги.

„Тоа не е популарна мерка, никој не го сака тоа, но ќе му служи на општото добро“, изјави Руте.

Тој истакна дека мора да се спречат непотребните загуби на работни места.

Градежните работи беа стопирани со пресудата на судот за околу 18.000 проекти поврзани со автопатите, аеродромите, ветерниците и домувањето.

Холандскиот институт за истражување предвидува пад за 8 проценти на приходите од градежништвото до 2021 година, со потенцијална закана од губење на околу 40.000 работни места.

Емисиите на азот по жител во Холандија се четири пати повисоки од просекот на ЕУ, со околу 61 процент на емисии од земјоделството.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1