Сребреница во 1995 година беше под заштита на холандските миротворци, кои без борба им го предадоа градот на српските сили под команда на генерал Ратко Младиќ
Холандската држава е одговорна за смртта на триста муслимани убиени од страна на српските сили во босанскиот град Сребреница во 1995 година, соопшти денеска Граѓанскиот суд во Хаг.
Заклучено е дека холандските мировници не успеаја да ги заштитат Бошњаците кога градот падна под опсада на армијата на босанските Срби.
Беа убиени повеќе од седум илјади.
Сребреница во 1995 година беше под заштита на холандските миротворци, кои без борба им го предадоа градот на српските сили под команда на генерал Ратко Младиќ. Тој во моментот е во Хаг каде што му се суди за воени злосторства, пишува Би-Би-Си.