Холандски пилот точно ја предвидел смртта на 150-те луѓе – никој не го слушал


Холандскиот пилот Јан Кохерет, до најситни детали, пред цели два месеци, го предвидел сценариото на катастрофата над Алпите! Но, неговата забелешка никој не ја сфатил сериозно.

„Благодарение на ултрабезбедниот систем на затворање на вратата, на пилотот повеќе не му е тешко да го преземе кокпитот и да го остави својот колега надвор. Доволно е да причека овој да замине во тоалет и повеќе да не ја отвори вратата.

cocheret

Навистина, постои начин да се влезе без интервенција од кокпитот (мислел на специјалната шифра), но пилотот на командите може да ја исклучи таа опција и на својот колега само да му ја остави можноста да седне меѓу патниците и да причека да види што му одредила судбината“, напишал Кохерет, кој има 35 години пилотско искуство, и кој денес лета за компанија од Емиратите.jan koheret

Специјализираниот сајт Ејвиејшн њуз, со кој Кохорет редовно соработувал како хроничар, го одбил овој аналитички напис како премногу вознемирувачки, па текстот бил објавен во печатеното издание на „Пилот во авионот“. Холанѓанецот во својот напис ги навел и досегашните примери на самоубиства на други пилоти и додал дека понекогаш и самиот сериозно се прашува кој всушност седи до него во кокпитот.XXX_A320 cockpit GRAPHIC.1

„Што ако му се случило нешто страшно во животот, што не може да го поднесе? Се надевам дека никогаш нема да откријам, враќајќи се од тоалетот, дека се наоѓам пред вратата на кокпитот која не се отвора“, напишал „видовитиот“ Кохерет, остро критикувајќи го системот за безбедност воведен по уривањето на „кулите близначки“ во Њујорк.

Она од што пред два месеци се плашел Јан Кохерет му се случи на Патрик Зондхајмер, пилотот на урнатиот авион на Џерманвингс на лет 4У9525 на француските Алпи, кој, според неговиот колеги, бил еден од најдобрите во Луфтханза и кој, и покрај сите свои летечки и човечки доблести, не можел да ја спречи големата несреќа, со што само се потврдиле зборовите на Кохерет дека според новите правиле невозможно е да се влезе во кокпитот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1