Најпрвин забележале нешто што личело на молња а 20 минути подоцна се околу нив почнало да свети со црвена и портокалова боја.
Пред два дена пилот и копилот управувале со патнички „Боинг 747“ на летот од Хонг Конг кон Енкордиџ на Алјаска и ја снимиле фасцинантната глетка која им се појавила.
Станува збор за мистериозна портокалова и црвена светлост која сјаела на површината на Тихиот океан, јужно од полуостровот Камчатка.
Некои од експертите кои ги виделе снимките сметаат дека станува збор за ерупција на голем подводен вулкан.
Холандскиот пилот Ван Хајст рекл дека глетката им се појавила на околу 5 часа откако полетале, кога се наоѓале на половина пат до Енкордиџ. Најпрвин забележале нешто што им личело на молња, а по 20 минути се околу нив почнало да свети со портокалова и црвена боја.
Времето било идеално за летање без многу облаци па молњата, како што раскажувал холандскиот пилот не можела да биде последица на олуја. Пилотот бил шокиран затоа што едноставно не можел да објасни што се случува.
-Таа глетка беше една од најстрашните и најјезивите кои сум ги видел во мојата долгогодишна пилоткска кариера, изјавил Хајст.
-Како што се приближувавме, така започна да се осветлува целото небо над нас. Но под нас беше една застрашувачка глетка. Се’ светеше со портокалова боја, а под нас се наоѓаше Тихиот океан, објаснувал холандскиот пилот.
Тој смета дека единстевно логично објаснување е дека еруптирал голем вулкан кој се наоѓал во океанот.
Во таква ситуација вулканскиот пепел и чад се пропратна појава, но сепак не се појавило ниту едното ниту другото.
-Пријавивме контрола на летот и веќе започна истрага. Се надевам дека доколку таму се појави нов остров ќе го именуваат по мене затоа што сепак, јас прв го открив, се пошегувал Хајс.